Бојан Јовановски, познат како Боки-13, првообвинет во аферата „Меѓународен сојуз“ или во јавноста позната како „Рекет-2“, од затворскиот притвор пред два дена повторно, итно е пренесен и згрижен во универзитетската клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Денешното рочиште за случајот е одложено за 28 овој месец.

Во случајот „Рекет-2“ првообвинет е Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој беше прв човек на невладината организација „Меѓународен сојуз“. Второобвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски која била заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, а потоа обвинети се Јасна Мандиќ, таткото на Боки Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“, чиј претседател е Боки.