Значително постудено и ветровито време не очекува од утре до четврток поради продор на многу студена воздушна маса од север.
До крајот на денот се очекува зголемување на облачноста и врнежи од дожд на запад што локално ќе бидат поројни, а преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат обилни во западните и северните делови каде на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Минималната температура утре ќе се движи од минус два до пет степени, во среда минус шест до еден, во четврток од минус осум до минус еден, петок од минус седум до еден, сабота од минус осум до еден и во недела од минус пет до минус еден степен.
Максималната температура утре ќе се движи од нула до девет степени, во среда од минус два до шест степени, четврток од нула до седум, петок од минус еден до седум, сабота од два до девет и во недела од четири до 12 степени.
Comments are closed for this post.