Од понеделник (26 август) ќе почне со работа наплатната станица за патарина – Гевгелија .

Како што соопштија од АМСМ, патарината ќе почне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари, додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра.