Нема да има политички пазар ниту со едниот, ниту со другиот кандидат. Ова е пораката која ја испратија од изборниот штаб на Блерим Река, откако вчера двајцата други кандидати директно им се обратија на неговите гласачи.
На своите гласачи им порачуваат да гласаат по своја волја во вториот изборен круг.
Ние уште на почетокот на кампањата порачавме дека нема да правиме политички пазар со гласовите. Не повикуваме ниту на бојкот, ниту пак ќе ги храбриме гласачите да гласаат за Силјановска или Пендаровски. Истиот став го делат и партиите кои застанаа зад Река, ‘Алијанса на Албанците’ и ‘Беса’ на Билал Касами. Сметаме дека на тој начин покажуваме зрелост и демократски капацитет и сеоградуваме од политички игри“, изјави Флорин Хасани, шеф на изборниот штаб на Река.
Comments are closed for this post.