Од понеделник во вечерните и ноќните часови времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег на планините и на повисоките места каде што ќе се формира и нова снежна покривка, најавувааат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР, промената на времето ќе дојде под влијание на влажен и студен бран и ќе предизвика пад на температурите.
Во понеделник во ноќните часови, како и во вторник, ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање – информираат од УХМР.
Од среда времето ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи и благ пораст на температурата.
Според информациите на УХМР, в недела и во понеделеник преку ден ќе се задржи стабилно и топло време, со мала до умерена облачност и со умерен ветер претежно од западане правец. Максималните температури ќе достигнат до 24, а по промената в понеделеник вечер, температурата во вторник ќе изнесува максимум 12 степени.
Comments are closed for this post.