Премиерот Зоран Заев, министрите Венко Филипче и Радмила Шекеринска се појавија во беровското село Буринарци откако ситуацијата е смирена и селото е безбедно.

Бричен и исончан премиерот порача дека Шумите лесно се палат, а тешко се гасат, па да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар.

Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината, наведува Заев.

Тој во објавата потенцира дека во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.

Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност, додава Заев во објавата на својот фејсбук-профил.