Времето до четврток ќе биде претежно стабилно и суво, освен во западните делови каде ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Како што информира УХМР, заладување се очекува од петок кога ќе има повремен локален дожд, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.
Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17, а дневната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје слично време со температура од 15 до 35 степени.
Comments are closed for this post.