Забрането е пиење на водата од јавната чешма во џамијата Горно Нерези, како и од јавната чешма до џамијата Горно Нерези, откако инспекцијата изврши надзор на водата за пиење, соопшти Општина Карпош.
По извршениот инспекциски надзор од страна на Државниот инспектор за храна од Подрачната единица Скопје на Агенцијата за храна и ветеринарство, утврдено е дека водата не е безбедна за пиење, односно не одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, поради присуство на бактеријата Escherichia coli и зголемен број колиформни бактерии.
Како мерка на претпазливост, апелираме до сите граѓани да ја почитуваат оваа одлука, со цел да го заштитат своето здравје. Локалната самоуправа веќе го известува локалното население за оваа одлука, а непосредно до чешмите ќе се постави и натпис „Водата не е за пиење“ – велат од Општината.
Comments are closed for this post.