По протестот на ВМРО-ДПМНЕ и обраќањето што го имаше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, од СДСМ реагираат дека граѓаните имале можност да слушнат уште едно празно, бледо, конфузно и повторувачко обраќање. Како што се истакнува во соопштението на СДСМ, Мицкоски покажал дека нема идеја, нема концепт, визија, нема конректна програма, нема ништо добро за граѓаните.

Деструкции, блокади, црнила, темнина и одбрана на криминалот се единствените нешта во црниот свет на Мицкоски.

Истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди, извираат од Мицкоски. Како некоја стара,  излитена, расипана плоча.

Ниските обиди да ги омаловажи луѓето за нивниот физички раст, ги покажа комплексите кои Мицкоски низ годините сам си ги наметнал, во обид да биде ист како Груевски.

Нервозниот Мицкоски до толку се загуби во набројувањето новогодишни желби што побара да се повлечат мерките против загадувањето, проблем што цела деценија беше игнориран токму од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Залудни се обидите на Мицкоски преку протести за одбрана на криминалот и преку нереални барања за оставки да ја врати Македонија во темното минато на криминал, корупција и изолација – се наведува во рекацијата на СДСМ.