Од коритото на Вардар денеска се извадени повеќе автомобилски гуми во акцијата што беше спроведена кај течението под мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.
Акцијата ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“, а оттаму велат дека за само 20-тина минути биле извадени над 30 гуми.
Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае до 27 септември.
Граѓанската иницијатива редовно спроведува ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.
Comments are closed for this post.