Мебел е изнесен од домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Козле. Од домот на Јанева беа изнесени фотелји, кревет, маса и друга покуќнина кои беа  натоварени во камион со полициски таблички, а се изнесуваа и хартиени кеси со документи.

Претходно, на прес конференција во Основното јавно обвинителство, Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, соопшти дека станува збор за мебел во вредност од околу 298.000 денари или околу 5.000 евра, што Јанева го добила од бизнисмен поврзан со случајот „Рекет“.

При претресот во СЈО со налог е одземен нејзиниот компјутер. Претрес денеска освен, во домот на Јанева во Скопје и во нејзината канцеларија, се врши и во нејзината куќа во Гевгелија.

ЈО бара притвор за Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службена положба и овластување заради стекнување лична корист во случајот.