Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 912 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 147 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 41, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 21, Кавадарци 71, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1577 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Comments are closed for this post.