Под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, која на некои места ќе наврнат и над 30 литри на метар кавдратен.
Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Минималните ќе бидат од три до 12, а масималните дневни до 25 степени.
Comments are closed for this post.