Обвинителството од Кривичниот суд бара да изрече мерка притвор за Бојан Јовановски -Боки 13 и Зоран Милески-Зоки Кичеец.Според обвинителката Вилма Рускоска доставен е образложен предлог за определување на притворот.
Обвинителството ги товари двајцата дека зеле 1,5 милиони евра за преку јавен обвинител врз кој имале влијание да ја олеснат положбата на лице кое е под истрага. Тие се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело перење пари.
Првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. Од месец Ноември 2018 до Април 2019 година првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел во истражна постапка да се изврши дејствие со кое во истражната постапка ќе се олесбни положбата на едно од осомничените лица во таа постапка, а од друга страна второосњомничениот договарал средби меѓу првососомничениот и осомничемниот во таа постапка. При овие средби биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него. Откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите, рече Рускоска.
Comments are closed for this post.