ВМРО-ДПМНЕ инсистира на итна смена на Републичкиот јавен обвинител. Вакви криминали при изјаснување на граѓаните какво што имавме на референдумот ја враќаат земјата во црното време на недемократијата во 90-тите години од минатиот век. Таа слика не смее да се повтори, рече на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, спие во пупката на расцветаниот правосуден систем на Заев. Додека тој спие, се случува кражба на изборно право, присилно гласање, закани, уцени, полнење на кутии, па и сега санкции во администрацијата заради изборно право, што се тешки кривични дела. А, Јовески го нема, како што го нема ниту за многубројните афери како што се крвавите тендери на Филипче, за плацевите на кланот Заеви, за криминални набавки во четири очи, за фондот за иновации, буквално за сите криминали кои потоа завршуваат и со мафијашки пресметки со смртни последици“, истакна Стоилковски.
Тој додаде дека согласно нивната анализа се констатирани преку 50.000 украдени гласови, односно повеќе од 50.000 ливчиња се уфрлени во гласачките кутии, а врз основа на докази, констатирани се заплашувања на граѓани и имало обид за поткуп.
Comments are closed for this post.