Докуметот за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева кој содржи докази за „Рекет“ останува тајност. Пред малку заврши седницата на Советот за јавни обвинители на која се одлучуваше за барањето доставено од Собранието за декласифијација на Извештајот за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Барањето е одбиено и известувањето е испратено до законодавниот дом.
„Одлучивме дека не можеме да го прифатиме барањетo за декласификација на Извештајот. Постојат императивни законски норми за тајност и заштита на лични податоци“, вели за Пресинг ТВ претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.
Претседателот на собраниската комисија за избори и именувања , Илија Димовски за утре закажа седница на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители. Извештајот добиен со назнака „доверливо“, Димовски побара обвинителите да го декласифицираат , бидејќи како што рече седницата треба да биде јавна, за да се зголеми довербата на јавноста во Собранието и во правосудниот систем.
Во однос на писмото кое Јанева го испрати од притвор за префрлање на сите предмети во Јавното обвинителство, претседателот на Советот на Јавни обвинители вели дека тие не ја знаат содржината на барањето. Вели институцијата до која е испратено треба да одлучи, но треба да се има в предвид дека таа е во притвор.
„Се што е надвор од Законот за СЈО е беспредметно“, вели Колевски.
Comments are closed for this post.