Pressing TV
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
недела, 11 јануари 2026
  • facebook
  • twitter
  • youtube
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

Завршни зборови

Обвинетиот Трајковски за 27 април: Единствена грешка ми е што сум се нашол на погрешно место во погрешно време

21.02.2019 / 14:19
Share this...
Share on Facebook
Facebook
Pin on Pinterest
Pinterest
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Обвинетиот Трајковски за 27 април: Единствена грешка ми е што сум се нашол на погрешно место во погрешно време

Од судот барам да ми суди за тоа што сум го сторил, но не за тероризам. Единствена грешка ми е што сум се нашол на погрешно место во погрешно време, истакна онвинетиот Влатко Трајковски во завршните зборови на судењето за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Трајковски нагласи дека за да се направи нешто, треба да постои цел, а за да не се случи тоа што се случи, според него, не требало да се отворат вратите во Собратание.

„Сите знаеме дека вратите ги отворија Крсто Мукоски и Сашо Василевски по наредба на тој што порачуваше полици за во село“, нагласи обвинетиот Трајковски.

За исказите на обвинетиот, а сега амнестиран Стефан Младеновски, Трајковски рече дека се дознале многу работи, но не и тоа што тој го сторил во Собранието.

„Хари Локвенец во исказот како сведок во овој случај рече дека кога излегол од прес-салата добил удар во глава од лице со качулка од што му пукнала аркадата. Тоа лице е Стефан Младеновски“, рече Трајковски.

Во однос на пратеникот Сашко Костов, Трајковски рече дека тој го навредувал и опцул, по што земал пп апарат и го испрскал. Посочи дека пратеникот кренал рака, при што од страв да не биде нападнат Трајкоски му задал два три удари од кои Костов паднал и веднаш станал. За обвинението дека тој ја удира Радмила Шекеринска, Трајковски рече дека на снимките се гледа дека не ја удира тој, туку лицето кое што ја заштитува. Во Кривичниот суд во Скопје моментално завршен збор дава обвинетиот Вилијам Михајловски.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Pin on Pinterest
Pinterest
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Categories: Македонија

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Најнови вести

Македонија

Kрушевчани пијат жолта вода

пред 14 часа
Македонија

СДСМ: Само со техничката влада е можен обид за фер избори

пред 14 часа
Македонија

Каква е историјата на Иран

пред 2 дена
Магазин

Дојдете во Михајлово, се подготвува ски патеката

пред 2 дена
Спорт

Ова е најголемата „превара“ во светскиот фудбал: Постојано бил повреден а добивал нови договори

пред 2 дена
Македонија

Николоски на терен: Увид на превоите Стража и Пресека – патиштата проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

пред 8 часа
Македонија

Kрушевчани пијат жолта вода

пред 14 часа
Македонија

СДСМ: Само со техничката влада е можен обид за фер избори

пред 14 часа
Македонија

Каква е историјата на Иран

пред 2 дена
Македонија

460.000 граѓани се уште користат фиксен телефон

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен

пред 2 дена
Македонија

Mицкоски ќе бара лидерска средба за укинување на пржинската влада

пред 3 дена
Македонија

Сиљановска-Давкова: Божик е повик да погледнеме кон себе, да го разбудиме човечкото во нас, добрината, надежта

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Се потврдуваат тезите дека барањето Бугарите да бидат во Уставот не е единственото барање

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

пред 3 дена
Pressing TV
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Важни информации за корисниците
  • Контакт

© 2018 Pressing TV