Во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција денеска во Скопје ќе се одржи обука на тема „Улогата на укажувачите во борбата против корупцијата“.
Обуката се организира во рамки на проектот „Зајакнување на укажувачите во Македонија”, финансиски поддржана од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, а го спроведуваТранспаренси Интернешнл- Македонија.
Целта е да се подобри состојбата со заштитата на правата на укажувачите и промоција на нивната улога во борбата против корупцијата.
Comments are closed for this post.