Поткуп, закани, нападнати новинарски екипи… хаос за време на изборен молк. Се чини она што се случуваше во првиот круг, денеска се прекопира, но двојно повеќе. Ширум Македонија членови и активисти на владејачка политичка партија на секој можен начин се обидуваат да добијат глас плус, кршејќи го изборниот законик. Јавноста очекува реакција на меѓународната заедница и сите набљудувачки мисии во Македонија, како и целата македонска јавност. Јавноста бара санкции…

Ќе има ли регуларни избори утре? Ќе се слушне ли вистинската волја на народот или притисокот, уцените и поткупот ќе ги изберат идните градоначалници?

Во наредниот период МВР и Обвинителството ќе имаат полни раце работа, се со цел расветлување на овие нерегуларности, а и за во иднина да не се случуваат вакви дејанија, се разбира доколку сакаме напред по евроатланскиот пат.