Владата го објави списокот со имиња на 179 фирми-работодавачи кои не исплатите плати на работниците за октомври, а сепак користеле финансиска поддршка од државата во рамките на четвртиот пакет мерки.
Според податоците што вчера ги соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, станува збор за 179 работодавачи, во износ од 5 271 776 денари кои не исплатиле плати на 338 вработени лица.
На работодавачите што користеле фиансиска поддршка, а не исплатиле плата доставени се опомени по што ќе следи постапка на присилна наплата.
Во ваков случај се предвидува глоба од 500 до 1000 евра на микро претпријатие, од 500 до 2000 за мало претпријатие, од 1 000 до 6 000 евра за средно претпријатије и од 1 000 до 10 000 евра на големо претпријатие.
Comments are closed for this post.