Координаторите на пратеничките групи денеска имаа состанок во Собранието. Главна тема беше блокираниот Парламент кој не може да оддржи седница. Причина за тоа е владејачкото мнозинство кое се соочува со многу поделби и прегрупирања.
Најнапред пратениците од ЛДП најавија дека ќе делуваат самостојно, а после тоа го стори и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.
Иако овие две партии засега ветуваат дека ќе ја поддржуваат власта тоа никогаш не се знае, особено по подледните два од многуте дебакли како што бегството на Мијалков и неспособноста да набават вакцини.
Згора на тоа, големо незадоволство има и во редовите на ДУИ кои се блиски до Блерим Беџети и Изет Меџити. Двајца пратеници не дооаѓаат на седници и бараат смена на вицепремирот Артан Груби.
Во вакви услови Собранието не може да собере 61 пратеник за да почне седница.За носење на некаков закон заега и не се размислува.
Comments are closed for this post.