Чудна е опседнатоста на СДСМ со земји од соседството, посебно со Србија.На нивните конструкции и измислени светови може да им позавидат и најдобрите филмски сценаристи од жанрот на научна фантастика, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Нивниот измислен и таканаречен „српски свет“ постои само во главите на функционерите на СДС, кои го смислуваат за да останат на челните позиции во партијата која ја сведоа до 120 илјади гласа.
Односите на Македонија со сите соседни земји се коректни и почиваат на меѓусебно разбирање и почитување, секогаш водејќи се државниот интерес, за разлика од периодите на власт на СДС кога државата се ставаше по подредена ситуација.

Од друга страна не разбираме кога соседната земја им стана непријател број еден, затоа што повеќе се фокусирани за состојбите во Србија, отколку во Македонија, кога за време на нивна власт во разни кризи, како енергетската и корона кризата, прво на вратата на таа земја тропаа за помош.
Така, за време на владата на Зоран Заев и министерот Венко Филипче, државата се соочуваше со недостиг од пченица, брашно, масло за јадење, Србија беше земјата од регионот која ја тргна забраната за извоз и на Македонија и испорача се што и требаше.
Исто така и првите вакцини против ковид 19 вирусот, Македонија ги доби токму од Србија, а Заев и Филипче гордо се сликаа со Александар Вучиќ на граница.
Оттука, не им ја разбираме опседнатоста на СДС со оваа соседна земја, но тоа е нивен проблем и веројатно станува збор за состојба која бара лекарски третман.







Comments are closed for this post.