Свесни сме дека нивото на загадување на воздухот е висока. Но, се уште не е над прагот, каде што треба да ги активираме т.н. вонредни мерки, но секако посветени сме и работиме на намалување на нивото, посочи министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на Првата сесија на Работната група 5 (Животна средина – поглавје 27) од Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија на тема „Климатски промени: Глобалните предизвици и националните можности.
Минустерот Нуредини апелира до индустријата, до граѓаните и до сите економски субјекти при греење на домовите да внимаваат какви материјали употребуваат. Тој нарача да си користат дрво кое не е обоено или нема хемикалии кои ја гораат и со тоа значително го загадуваат воздухот.
– Сите заедно треба да бидеме сплотени за да се справиме со оваа појава. Ние сме мала земја, но сме амбициозна. Ќе делуваме сега посветено заедно со сите чинители. Ако не делуваме сега во согласнот со Парискиот договор, тоа ќе влијае и врз нашата почва, нашата вода, земјоделство и сите важни работи за секојдневното живеење, рече Нуредини.
Тој информира дека Инспекторатот за животна средина казнил компании кои го загадувале воздухот.
Министерот Нуредини рече дека се потребни решенија во однос на јавниот транспорт и додаде дека треба да најдат начин старите автомобили со стандард под ЕУРО 4 да ги тргнат од нашите патишта.
– Почнуваме полека кон измена на конвенцијалната енергија. Имаме соларна фарма со 35 мегавати која е доста успешна. Исто така, во регионот на Осломеј имаме намера да вршиме околу 100. Уште повеќе работиме на законодавството кое овие одредби ќе ги направи поригорозни и постриктни. Исклучително е важно да ги зголемиме контролите во приватниот сектор, приватната индустрија, посочи тој.
Министерот Нуредини изјави дека во следните денови премиерот Зоран Заев ќе даде официјална изјава и ќе информира кога официјално ќе почне проектот за субвенционирање на инвертер клима уреди.
Тој рече дека поголемите даноци за старите автомобили ќе придонесе за почист воздух, за намалување на нивото на загаденост и исто така, како што информира, планираат субвенции и за електрични возила кои не ја загадуваат околината т.н. електрични возила, кои тотално ќе бидат ослободени од данок.
Елена Николовска од Еко-свест посочи дека термолектраните на јаглен влијаат врз аерозагадувањето, односно имаме последици врз здравјето во регионите на јаглен, меѓутоа и неизолирана во тие региони. Додаде дека дискусијата мора да се придвижи кон вклучување на сите засегнати страни и обезбедување финасии за транзиционирање на економијата во тие региони.
– Значи, не треба да застануваме. Уште многу треба да се работи. Тоа е очигледно, го гледаме. Искрено, не верувам дека ќе се смени нешто до крајот на 2020. Меѓутоа, според нас, потребно е малку затегнување на обрачот околу индустијата. Свесни сме дека тоа ни фали, рече Николовска.
Милан Звара, директор на Одделението за активности на емисија при Министерството за животна средина на Словачка потенцира дека неговата држава која е членка на Европската унија, има разни видови на енергија.
– Со нашите политики настојуваме да ги намалиме емисиите на јаглерод, имаме голем процент и на нуклеарна енергија. Во процес сме на изградба и на нови погони за нуклеарна енергија се со цел да се намали таканаречената енергија од фосилните горива и да бидеме што позелена држава во склоп на меѓународните договори и на политиките за животна средина и борбата против климатските промени што ја води Европската комисија, рече Звара.
Comments are closed for this post.