Новото име на државата ќе стои и на банкнотите. Ова беше најавено уште во март со одлука објавена во во Службен весник, а потпишана од гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска.
Најпрво ќе се врши промена на банкнотите од 10 и 50 денари кои ќе го добијат новото име на Народната банка.
Во одлуката пишува: „Народна банка на Република Македонија“, се заменува со зборовите „Народна банка на Република Северна Македонија“.
На почетокот на 2020-та година се очекува промената на првите нови банкноти и потоа, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.
Дел од медиумите пренесоа дека НБРМ веќе склучила догобор согласно кои ќе се прави промена на банкнотите односно ќе се набават нови и банкноти со 10 и 500 денарки, со истиот дизајн на кој само ќе биде додадена Северна во името на Република Македонија.
Comments are closed for this post.