Новите униформи ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот. Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ.
Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако претседателот Стево Пендаровски ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.
Новата процедура, како што рече, ќе започне согласно со новата Уредба на претседателот и за тоа ќе треба време согласно закон.
Не е добро да се влечат процедурите и да се работи без процедури. Тоа го кажавме од почетокот. Можевме да прифатиме униформи кои нема да одговараат на стандардите и на спецификациите, но рековме дека со неквалитет армијата и досега платила голема цена, рече Шеќеринска.
Како што посочи, не се фокусирани за замена на униформите на Денот а Армијата – 18 август, со оглед дека станува збор за борбени, а не за службени униформи
Comments are closed for this post.