Еден новинар од 1ТВ телевизијата се пријавил да даде исказ во Обвинителството во врска со случајот „Рекет“, објави телевизија Телма.

Новинарите на 1 ТВ се на принуден одмор до 15 август, а во средата беше емитувано последното издание на централниот дневник.

Агенцијата за аудио визуелни услуги испитува дали има скриено сопствеништво, односно дали Бојан Јовановски, кој е во притвор, е всушност и сопственик на телевизијата.