Денеска на Фејсбук страницата „Оставка на Заев“ произлегоа уште 2 аудио бомби.
На едната говори Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово кој што потсети на 15-от Конгресот на 30.06.2013 година кога се променил и дополнил статуот на СДСМ, и дека гледајќи од ова дистанца денес, многу сопартијци не го почитувале или разбирале слоганот транспарентност, отчетност и одговорност и дека партијата е сведена на здруженија на мали групи организирани и взаемно поврзани луѓе.
Во продолжение може да го слушнете во целост неговиот говор на 26от Конгрес на СДСМ.
Во втората аудио бомба која што исто така се појави на Фејсбук страницата „Оставка Заев“ говори Хазафер Амруловски од Центар Жупа.
Имено, тој потенцираше дека функционерите од СДСМ се заборавија, само си го гледаат интересот, заборавија кога се ставени на функции.
Во продолжение може да ја слушнете целосно аудио бомбата.
Comments are closed for this post.