Нови 30 дена притвор добија осомничените во случајот „Империја“ , потврдуваат за ПресингТв од СЈО.
Обвинителството побарало од Кривичен суд да им биде продолжен притворот, поради тоа што сè уште опстојуваат причините поради кои им била првично изречена оваа мерка за обезбедување присуство.
Минатиот месец СЈО отвори истрага отвори истрага под кодно име „Империја“ , против Јордан (Орце) Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Од 13 осомничени во притвор се пет лица – бизнисменот Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, директорот на ЗК Пелагонија Цветан Панделески и Зорица Арсовска, сметководителка во фирмите на Камчев.
Comments are closed for this post.