Новата американска амбасадорка во Скопје Кејт Брнс во видео обраќање пред преземањето на должноста порачува дека е почестена што ќе ги претставува САД и оти „ќе работи на зацврстување на врските меѓу двете земји и интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ“.
Веќе 25 години работам како американски дипломат на промоција на безбедноста, напредокот, почитта на човековите права и различности, владеењето на правото и отворените пазари. Возбудена сум да ја продолжам оваа работа во Северна Македонија. САД се горди на силното пријателство со луѓето од Северна Македонија. Ја цениме храброста и професионализмот на вашите војници и очекуваме да ве поздравиме како 30 членка на НАТО. Почестена сум што ја имам можноста да ја зацврстам врската помеѓу нашите две земји. Северна Македонија сега е на својот одбран пат кон НАТО и ЕУ. Тимот во Амбасадата на САД во Скопје и јас ќе работиме за да и помогнеме на Северна Македонија на овој пат и да создаваме нови можности за напредок преку нашата соработка и програми за размена, мировниот корпус и мисијата на УСАИД. Сакаме да продолжиме со придонес кон вашата позитивна иднина, наведува Брнс.
Во заедничката видео порака со нејзиниот сопруг Скот Гејџ, истакнуваат и дека со нетрпение чекаат да ги посетат познатите локалитети во земјава, да научат за богатата и разнолична културна историја…
Од старата чаршија до кањонот Матка, Шарената џамија во Тетово, Охридското езеро и повеќе…. Возбудени сме да искусиме се што има да понуди вашата земја. Очекуваме заедно да ги изодиме овие патеки, порачува новата американска амбасадорка.
Comments are closed for this post.