Бугарскиот премиер Кирил Петков од Рим испрати порака дека нема самостојно да носи одлука за Македонија туку тоа мора да биде со широк консензус.Истовремено тој побара од претседателот Радев да го свика Советот за национална сигурност.
Решението не може да биде само на владејачката позиција туку треба да биде заедничка национална позиција. За последните шест месеци се случија многу работи, разговори, беа разменети идеи, службите имаат многу информации да споделат.Проблемот со соседот не може да биде решен самостојно, тоа е национално прашање и имаме потреба од заедничко решение-изјави денеска Петков.
Тој најави дека од Ковачевски на утрешната средба ќе побара македонскиот омбуцман да формира комисија која ќе го следи јазикот на омраза кон Бугарите и оти би било добро во таа комисија да има претставници од Бугарите во Македонија
Comments are closed for this post.