вмро-дпмне обвинува

Нов сканал до поткуп на луѓе блиски на Љупчо Николовски (ВИДЕО)

26.10.2021 / 18:53


Штотуку добивме фрапантни информации, и затоа истите ги објавуваме на оваа вечерашна вонредна прес конференција. Ова се последните очајни обиди за ублажување на поразот кој што ќе и се случува на СДСМ.

Токму поради тоа се врши досега незапаметена злоупотреба на државните ресурси само за партиски цели. Прочитани – и се губат. Првата работа која што ќе ја соопштиме се точни и прецизни документи кои ни го потврдуваат сомнежот дека е вршен поткуп во Крива Паланка каде неформално главен на групата е Љупчо Николовски. Првиот доказ е разговор на активист на СДСМ Новица Груевски со веќе избраниот градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ Сашко Митовски, објави вечерва портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

Сашко – Нафаќат се пак за 200 евра.
Новица – Тие се од збор ако кажат ДА така ќе биде.
Сашко – Да! Сабајле се договараме.
Новица – З…. ѕверче си.
Сашко – Знаеш дека нема да оставам на случајност ништо.
Новица – Знам и ради тебе веруем дека ќе ги добиеме у Паланка, изјави на денешната вонредна прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Понатаму објавуваме разговор меѓу командирот на полициска станица Крива Паланка со сега градоначалникот, каде се кодоши колега полицаец затоа што објавил знаме со сонцето од Кутлеш на ФБ. Поради тоа Командирот на полициската станица Крива Паланка ветува дека по изборите ќе го исечат како што вели, поточно ќе го избркаат од работа поради објавениот статус и споделениот принт скрин од страна на неговиот колега до градоначалникот.

Дејан Маринковски до Сашко градоначалникот – пушта принт скрин од ФБ на колега – па вели:
Полицаец од Баглак. Гледај го, беше кај мене сга е у север.
Сашко – Да, ја ви кажува за овај. Мора да го сечеме јако.
Дејан – Знам, ќе го отсечеме. Само јако.
Сашко – Сега имате јасна слика. После избори. Сечење.

Повторувам ова е комуникација од Сашко Митовски, сега градоначалник порано шеф на изборниот штаб на СДСМ во Крива Паланка, под директна управа на Љупчо Николовски, министерот за интегритет во Владата на Зоран Заев. Понатаму, втората работа, истакна тој.

Тој додаде дека следуваат уште франпантни информации.

– Ги следите прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ за вибер групата на полициските, односно партиските параполициски структури. Вечерва ќе ја посочиме следната информација – се злоупотребува дури и Единицата за специјални задачи. Задачата и обуката на овие лица се да се справуваат со урбан тероризам и да се справуваат со екстремни групи. Прашањето е што тие би барале низ градовите во Македонија, каква е нивната улога во Охрид, во Битола и во Кочани? Несвојствено за Единица за специјални задачи кои по правило се униформа и ангажирани само кога има тероризам или други форми на екстремно насилство. Групи на доверливи лица од Единицата за интервенции се пратени од вчеравечер во цивилна облека и необележани возила на МВР, по една група во Кочани и во Охрид, додека две групи се во Битола, со задача да помогнат на партиските параполициски структури во теророт и поткупот врз населението. Состојбата во Битола е иста како онаа во Прилеп, за што информираме преку оние вибер информации кои што се направени од оние групи со кодни имиња ХХХ и групата 007, за што секојдневно информираме. Овие структури во Битола се координирани од Васко Ковачевски. Според информациите доставени од свиркачи, таа група е предводена од тројца началници на СВР Битола, Славко Ј. Николче Ѓ. Вангел Б. Потоа во неа се и Горанче М. Ирена М. и уште десетина други полицајци, инспектори, полицајци од сообраќајната полиција, инспектори за кражби и други лица коишто се активисти и членови на СДСМ и партиската активност им е пред униформата, пред заштитата на законот. Во оваа битолска група предводена од Васко Ковачевски се и лица од битолското подземје познати како Шваба, Тарзан, Мики и други коишто користат луксузни возила со странски регистарски таблички за вршење на дејноста – заплашување, терор, подмитување со една цел задржување на локалната власт од страна на СДСМ, појасни Стоилковски.

Портпаролот вели дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со сите докази и информации ќе ги извести за ова сите релевантни меѓународни институции, странските набљудувачи во изборниот процес, како и амбасадите на државите во Македонија, со барање за зголемена внимателност во овие градови но и во другите региони за кои што имаат сознанија дека се врши терор врз населението, злоупотреба и на полициските служби за партиски интереси за спроведување на терор и поткуп, како и барање за поголема внимателност во последните денови пред изборите и молкот кога овие параполициски структури ќе бидат најактивни.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Хајредини: Додека во СДСМ се мешаат Заев и Ковачевски, рејтингот на Филипче ќе се намалува

пред 14 часа
Македонија

Коцевски со закани и притисоци врз обвинители сака да ги оправда екстра парите за ексобвинителите на СЈО

пред 17 часа
Македонија

Прави ли притисок републичкиот обвинител Коцевски врз Вишото обвинителство за бонусите на СЈО?

пред 1 ден
Македонија

Погледнете семафор: ВМРО-ДПМНЕ-СДСМ 3-1

пред 1 ден
Македонија

Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа

пред 3 дена
Македонија

Mицкоски од Берлин: Ние не водиме дипломатија на свиткана кичма, туку дипломатија којшто се темели на аргументи

пред 3 дена
Македонија

Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија на чекање поради францускиот предлог

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски со Шолц: ЕУ мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел

пред 4 дена
Македонија

Дали Венецијанската комисија ќе даде црвен картон за законот што треба да го замени балансерот?

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски е во Берлин

пред 4 дена