Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови и кон крајот на денот се очекува променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ-индексот со вредност 6.
Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До петок ќе се задржи нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во петок температурата на воздухот ќе опадне од 5 до 7 степени.
Comments are closed for this post.