Утрово АМСМ извести дека патниот правец Дебар – Маврово е нормализиран и пуштен во употреба по вчерашното затворање на правецот поради одрони на патот и паднати дрвја.
Врнежите од дожд и од снег го направија проблемот, по што службите мораа да реагираат и да го затворат патниот правец, при што се создаде долга колона возила.
Во прекин беше и патот Маврово – Гостивар поради паднати дрвја.
Поради дефект, во дебарско-реканскиот крај останаа без струја околу 12 илјади потрошувачи.
Comments are closed for this post.