Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово и обратно кој поради сообраќајна незгода беше во прекин е нормализиран во 16:50 часот.
Поради сообраќајната незгода меѓу патничко и товарно возило, како што соопшти АМСМ во прекин беше сообраќајот на патот Крива Паланка-Куманово кај месноста викана Просеченик во атарот на селото Псача.
Портпаролот на Секторот за внатрешни работи во Куманово соопшти дека нема жртви ниту повредени во сообраќајната незгода, а причинета е само материјална штета
Comments are closed for this post.