Меѓу институциите, најниска доверба има СЈО. На скалата од 1 до 5, средната оценка која на СЈО му ја дале граѓаните е 1,68. Скоро 57 отсто од анкетираните довербата во СЈО ја оцениле со единица. Под двојка добиле судството и јавното обвинителство. Довербата во Парламентот, пак, е оценета со 2,25, Владата со 2,33 а опозицијата со 2,4. Ова се наведува во анкетата што ја спроведе Институтот за политички истражувања за емисијата „Детектор“