За генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, вчерашната изјава на Зоран Заев дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја урнат владата, не е скандалозна. Според него, да не бил Заев уште ќе траела борбата за слобода и демократија, пишува Николовски на Фејсбук.
Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе владееше стравот и молкот а медиумите и судството уште повеќе поклопени од режимот.Да не беше тој немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите, што има трпение и храброст за секоја потреба и цел на граѓаните.Да не беше тој денес немаше да бидеме земја – светол пример, пред влез во #НАТО и пред вратата на НАТО. кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот.Граѓаните секогаш ќе ја изберат правдата и државата а не мафијата.Светлата иднина а не мрачното минато.Затоа ќе успееме!, пишува Николовски.
Да не беше Зоран Заев уште ќе траеше борбата за слобода и демократија.
Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе…
Posted by Ljupcho Nikolovski on Tuesday, August 13, 2019
Comments are closed for this post.