Последните случаи покажуваат дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот, истакна Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по вечерашниот Централен одбор.
Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.Разгледувајќи ја актуелната состојба Централниот одбор го реафирмира ставот дека како државотворна и одговорна партија СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат.СДСМ ќе направи се, реформите ќе продолжат, напредокот ќе продолжи, Република Северна Македонија ќе успее-истакна Николовски.
Comments are closed for this post.