Владата е во општа паника заради немањето на пари и затоа што не знаат да водат економија и лошо ја менаџираат кризата. Точно е дека кризата е Европска, но има и домашна криза, од 20-тина проценти инфлација, 10% се увезени, но 10% се домашни, изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за „Што не е јасно“ на Алфа.
Николоски посочи дека власта во ваква ситуација договара кредит со кој ќе се затворат ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола и Македонија ќе стане енергетски зависна земја и ќе доведе економски колапс.
Така што во такви услови се растрчани по барање на кредити, еден од кредитите кој го имаат договорено од 100 милиони евра е за ликвидност на Електростопанство, ние сме против тој кредит, од две причини, првата затоа што е дополнително задолжување, недомаќински се трошат парите кои следните генерации ќе ги враќаат. Втората причина е затоа што за да го добие владата на СДСМ и ДУИ овој кредит, мора да потпише протокол со кредиторот, во кој што ќе се согласат до 31 декември 2023 година да го затвори ТЕЦ Осломеј, а до 31 декември 2027 година да го затвори и РЕК Битола – истакна Николоски.
Тој посочи дека заедно, тие произведуваат 80% од електричната енергија во Македонија, значи овие два комбинати се тие кои се срцето на македонската економија затоа што произведуваат значително најголем дел од електричната енергија.
Нивното затворање ќе значи економски колапс на Македонија, ќе нема енергија дом, дури и по оваа цена ќе нема затоа што ќе мора да се увезува целокупно, втор проблем е што Кичево и Битола ќе станат пусти градови затоа што најголем дел од луѓето и стопанствата во двата града се ориентирани кон овие капацитети, не само со директно вработени, туку и други компании ко опстојуваат заради функционирањето на овие два капацитети – нагласи Николоски.
Тој посочи дека следниот проблем е што се предвидува Македонија енергетски да се поврзе со Бугарија и Грција што значи од нив ќе мора да купува струја и тоа ќе значи енергетско ропство на Македонија и затоа ние тој закон ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува.
Нашиот план како политичка партија не само што не е да се затворат овие два комбинати туку да се вложи во нив, да може да произведуваат што повеќе електрична енергија, но и да се вложи во заштита на животната средина, да се направат соодветни еколошки стандарди во двата комбинати да се заштити животната средина и да произведуваат повеќе електрична енергија. Ова не е ново, Заев го најави, тие почнаа да ги затвораат, Осломеј беше затворен, заради кризата го рестартираа, Битола почна да се гасне и затоа двата комбинати не можат да се вратат во полна снага и не можат да произведуваат електрична енергија колку што се предвидени. Ова се луѓе кои немаат познавања од она што го работат – изјави Николоски.
Comments are closed for this post.