Ние сме во континуитет следени, нелагално од страна на структури кои формално се во рамки на безбедносните структури во Македонија, но ја злоупотребуваат својата службена положба и обвластување. Ова вечерва го изјави потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во централните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

„Најследен е претседателот Христијан Мицкоски, исто така и јас сум следен и одредени други членови на ВМРО-ДПМНЕ. Не мислам дека тоа е демократска алатка којашто може власта да ја користи, наместо да се занимаваат со нас, да се позанимаваат со финансирањето на бугарските здруженија. Притоа, не мислам дека е демократски и нормално да високи функционери од безбедносните сили се гледаат со новинари и да им пласираат полуинформации и невистини, коишто после бараат од нив да ги објават во јавноста насочени кон опозицијата“, изјави Николоски.