Првата работа што ќе ја направиме по промена на власта е да ги ослободиме судството и обвинителството со цел да може да се позанимаваат со криминалот и корупцијата на сите претходни власти, но и на оваа власт затоа што оваа влада на СДСМ и ДУИ влегува во седма година владеење да нема скоро за никој прогон за ништо при толку афери кои излегуваат во јавноста, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Трилинг“ на Телевизија 24.
Николоски потенцираше дека во Македонија во овој момент корупцијата распространета од најниско до највисоко ниво, практично да е постои сектор кој не е корумпиран и тоа го кажуваат граѓаните на сите средби кои ги имаат.
– Пред некој ден имав средби со луѓе од здравство кои велат дека мито зема секој од шалтерски работник, болничар до врвни доктори за жал. Граѓаните мора да плаќаат мито и тука мора да има прецизни и силни удари со цел да се почитува редот во државава, нагласи Николоски.
Во однос на судството и обвинителството посочи дека т.н. судски превиди и праксата покажуваат дека одредени лица преку коалиција успеваат да бидат амнестирани и да не одговараат, како и тоа дека мафијата успева да се инфилтрира во судско-обвинителските кругови.
– Судството е апсолутно селективно и јас ова нема да го кажам прв пат, мислам дека бев прв што го кажав во јавност дека постои коалиција во која што поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање треба да биде амнестиран и еве се покажува дека е амнестиран преку вакви судски превиди. Во 2005 година кога помина овој начин на избор на судии и обвинители преку т.н. Судски совет и совет на судии и јавни обвинители, тогаш дадов коментар дека ми е страв дека Македонија ќе се претвори во тоа мафијата да се инсталира во судско- обвинителските кругови. Праксата покажа дека се тоа се случува, истакна Николоски.
Comments are closed for this post.