Не постои во Законот за безбедност на класифицирани информации, термин “деловна тајна” и дека се издава безбедносен сертификат на лица за да имаат пристап во деловна тајна

Во однос на заканите на координаторот за криминал Артан Груби дека објавувањето на договорот за коридорот 8 кривично ќе се одговара би го истакнале следново:Заканите се најдобра потврда дека владата на Ковачевски крие скандалозни работи и обврски за кои кривично ќе се одговара бидејќи создале финансиски обврски за државата и ја ставиле во подредена позиција, oткри Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот кој Артан го крие не е никаков класифициран податок.Груби би требало да знае дека странско правно лице (во случајов Бехтел и Енка) не може да бидат создавач на класифицирана информација.

Ниту па има закон со кој истиот се прогласува за деловна тајна.

Добро е Груби да одговори:

Со каков степен на доверливост е означен договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка?

Кој е создавачот на класифицираната информација – договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка?

Добро е коалициските ортаци да се договорат, Груби кој вели дека договорот е класифициран, и Каевски кој вели дека не е.

И треба да знаат дека затвор не им бега.