Oва е коалиција на национални предавства. Заев се откажа од се што е македонско, отиде таму каде што ниту еден Македонец не би одел во негирање на македонскиот јазик и идентитет, култура и самобитност.
Оваа влада треба да падне ден поскоро, народот е со нас, на улиците, по македонските градови и села на протестите, вели во интервју за „Република“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Според него, тешко е да се издвои што беше најкатастрофално во овој период, но сигурно тоа е понижувањето на македонскиот народ и во национална и во економска смисла.
Николоски е убеден дека додека е Зоран Заев на власт Македонија нема да добие датум за преговори и тоа е заради неисполнетите реформи и поради тоа што премиерот е на врвот на најголемата афера „Рекет“.
Со Зоран Заев Македонија никогаш нема да почне преговори за членство во ЕУ. Ова одговорно го тврдам. Несеризно е веќе на Заев и Димитров да им се верува за било што во следниот период бидејќи тие се виновни за состојбата во која Македонија се наоѓа -објаснува Николоски.
Во однос на преговорите со Бугарија, Николоски објаснува дека доколку тие останат на сегашните барања простор за договор нема но важно е да се знае со какви кредите се влегува во преговорите.
Според него, односот на Борисов кон Заев е ваков бидејќи тој ветил дека доколку добие поддршка сево ова ќе го испорача.
Сега тие доаѓаат да наплатат, ВМРО-ДПМНЕ такви концесии нема и никој не може да го уценува.Тоа го покажало и минатото, сите штетни договори за оваа држава, од референцата ФИРОМ до договорите со Грција и Бугарија се потпишани од СДСМ.Еден договор нема потпишан од ВМРО-ДПМНЕ кој е на штета за македонските народ и македонските национални интереси-вели Николоски.
Целото интервју слушнете го во видео разговорот што го водеше новинарот Игор Чавески.
Comments are closed for this post.