Работа на Пендаровски му е да носи пари и РАБОТНИ МЕСТА, а не да се враќа со флоскули од Брисел!
Работата на претседател на една држава со 2 милиони граѓани е да носи НОВИ РАБОТНИ МЕСТА и пари, а не да отпатува за Брисел и да се врати без НИШТО.
Прашањето е кој е економскиот бенефит за македонските граѓани од неговата посета. БЕНЕФИТОТ Е НУЛА. На крајот така се мерат политиките. Политиките се мерат со тоа дали имате или немате подобар живот
Подобар живот се подразбира тоа да седне човек на железничка станица во Скопје и за час и половина да е во Солун, пишува на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.