Никола Тодоров, поранешниот министер за здравство или „министерот за смрт“ како што го нарекуваше СДСМ, кога беше опозициска партија се враќа на политичката сцена иако најави дека се повлекува. Тој пред повеќе од една година соопшти дека се откажува од пратеничката функција и дека ќе се посвети на адвокатурата. Која беше причината да отпатува за Хелсинки, ако не е активен во политиката?
Никола, Никола нешто чудно ти се случува?!
Тодоров кој беше еден од клучните луѓе во Владата на Груевски неодмана изјави дека одлуката да се повлече од политиката ја донел поради повеќе причини, меѓу другото, затоа што бил министер во два мандата, но клучно влијание за да донесе таква одлука биле случувањата од 27 април.
Тој во 2009 беше назначен за функцијата Министер за образование и наука, а од 2011 ја вршеше функцијата Министер за здравство.
Тодоров по повеќе од една година повторно е актуелен во јавноста, откако беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ заради дејствување спротивно на интересите на партијата.
На покана на претседателот на Европските народни партии, Жозеф Дол, Тодоров заедно со разрешениот заменик генерален секретар Петар Богојевски и исклучената пратеничка Емилија Александрова беше во Хелсинки.
Дол објави и фотографија од средбата со тројцата и напиша дека ги поканил за да “дискутираат за загрижувачката ситуација” во партија која е нивна членка по, како што пишува, санкциите преземени кон оние кои гласаа за почнување на процедурата за уставните амандмани неопходни за да се спроведе Договорот од Преспа за промена на името.
И Тодоров преку фејсбук информираше за средбите и разговорите таму. Напиша дека со еврокомесарот Јоханес Хан разговарале за евро-перспективите на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ и за заканите и притисоците со кои се соочуваат сите оние кои мислат поинаку од актуелното раководство на партијата.
Од двете страни беше изразена силна подршка за евро-интегративните процеси на Македонија и потребата од имплементација на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ. Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија, напиша Тодоров.
Дали неговата намера и размислувања се во насока на водење на ВМРО-ДПМНЕ, Тодоров веднаш по информацијата за неговото исклучување од партијата ќе рече:
Сега тече процесот на мое исклучување од партијата. За другото, ќе видиме.
Тодоров им се извини на жените за законот за абортус
Инаку Тодоров скоро по исклучувањето од партијата и јавно им се извини на жените поради Законот за абортус, за кој во 2013 година, кога беше донесен, тврдеше дека бил најлиберален во Европа.
Тодоров во 2014 до СДСМ: Зошто толку ме мразите?
Во 2014-тата Тодоров беше актуелен по скандалот со милионскиот тендер во здравството. Тогашните опозициски пратеници од СДСМ жестоко го напаѓаа, а тој велеше дека со нападите сакаат да му го нарушат кредибилитетот кој макотрпно го градел.
Целта е да ми го нарушите кредибилитетот кој макотрпно сум го градел, затоа што се направени милион работи во здравството, кој порано не сте можеле да ги замислите. Зошто сте нервозни, зошто толку ме мразите, што лошо сум ви направил?! Бидете коректни – рече Тодоров на што доби одговор дека не се работи за омраза, туку интерес за тоа како се троша парите на граѓаните.
Чудни релации со СЈО
Додека беше министер тврдеше дека СЈО е продолжена рака на СДСМ иако самиот беше еден од неговите творци, со тоа што директно учествуваше во преговорите во Пржино и договарањето на законите.
Токму Тодоров се најде и во една од истрагите на СЈО со кодно име „Рентген“ , а што се однесуваше на набавка на 4 рентген апарати во 2012 година.
Тој беше осомничен дека ја злоупотребил службената положба со тоа што и овозможил на една фирма да биде повластена за да учествува во јавната набавка бидејќи имала инсајдерски податоци.
Она што е интересно да се забележи е дека за овој случај имаше само истрага, но досега нема обвинение, дали зошто тендерот беше поништен или …?
Comments are closed for this post.