Пред почетокот на собраниската седница на која почна постапката за уставни измени, пред зградата на законодавниот дом се собра група граѓани, коишто протестираат против таквата постапка.

Пораката што овие луѓе ја испраќаат до пратениците дека тие не добиле мандат да го менуваат името на државата и затоа треба да се откажат од постапката за какви било уставни промени насочени во таа насока.

Откако во петокот иницијативата помина во матичната комисија битката од денеска се префрли на пленарна седница. Денеска е почетокот на пратеничката дебата дали има потреба од уставните измени кои ги предложи Владата согласно Договорот од Преспа.