Дали ослободувањето од работа на родители со деца до 10 години ќе важи и за вработени во Полиција, Царина, АРМ и други јавни институции, кои со интерни акти не беа ослободени за време на вонредната состојба, се поизвесно е дека ќе се чека на новата Влада да каже.
Дополнително, се уште се разгледува можноста за обезбедување финансиска поддршка за работодавачите, дали преку ФЗО или преку нов пакет на економски мерки, кои ќе ги ослободат од работа родителите кои ја користат мерката донесена од Владата.
Останува и нејасно, и покрај тоа што Република побара одговор, кои сектори ќе бидат опфатени со финансиската помош за родителите кои се ослободени од работа и дали помошта важи и за приватниот сектор? Но, и како ќе се регулираат породилните отсуства? Одговор на овие прашања не добивме ниту од Владата, ниту од Министерството за труд и социјална политика.
Од МТСП единствено што ни одговорија беа прашањата кои се однесуваат на тоа дали градинките ќе се отворат за бебиња и како ќе се спроведуваат протоколите во јасли.
Министерството за труд и социјална политика како надлежно во делот на политиките за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и Комисијата за заразни болести подготвија Протокол за активностите во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба и истиот беше усвоен од Владата на 29.05.2020 година. Согласно Протоколот, воспитните групи за деца до 2 годишна возраст треба да имаат по максимум 6 деца и групите за децата од 3 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца, одговорија од МТСП.
Владата на 81-та седница одржана на 18 август ги задолжи Министерствата за труд и социјална политика, за образование и наука и за информатичко општество и администрација, да ги разгледаат можностите да се предвиди и извршување на работа со скратено работно време или работа во смена за оваа категорија на лица кои во овој момент се ослободени од извршување на работа и работни активности со физичко присуство на работното место, но детали се уште нема.
Comments are closed for this post.