Со 62 гласови „за“ и 12 „против“ независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија. Изборот е направен во рамките на денешната работа по дневниот ред на 116-тата седница чие продолжение претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа за утре.
Во расправата што претходеше на изборот, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски посочи дека начинот на изборот на Рамчиловиќ за петти потпретседател на Собранието е направен во интерес на квантумот на гласови кои му се потребни на мнозинството за седница и обвини дека на тој начин се продолжува со истиот принцип на кој претходно го бираа претседателот и останатите потпретседатели на законодавниот дом, како и петте заменици на генералниот секретар на Собранието. Го повика Рамчиловиќ кога ќе биде потпретседател на Собранието да работи на ист начин како што работеше, како што рече, во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.