Партијата Независни Грци ќе гласа против владата при евентуално гласање за доверба во парламентот, изјави пратеникот од партијата Костас Кацикис за парламентарниот ТВ канал, пренесува „Катимерини“.
Синиќа, во ТВ-интервју премиерот Алексис Ципрас изјави дека ќе побара гласање за доверба пред парламентот во случај Независни Грци да се откажат од поддршката на кабинетот. Таков чекор се очекува, зашто помалиот коалиционен партнер во владејачката коалиција Панос Каменос повеќепати изјави дека ќе ја напушти владата ако Преспанскиот договор со Скопје биде ставен на ратификација пред грчкиот парламент.
Денеска Кацикис изјави:
Панос Каменос изјави-излегуваме. Што значи тоа? Престануваме да сме партнер во владата, нема мнозинство, не даваме глас за доверба.
Ципрас вчера изрази уверување дека Каменос нема да ја повлече својата поддршка на владата.
Comments are closed for this post.