Истрагата за тоа како се превртел автобусот на „Дурмо турс“ кај Карпалак е во тек, а засега утврдено е дека автобусот се движел со брзина од 80 до 85 километри на час. Ова се неофицијални информации од извори во истрагата.
Доплнително ќе се утврдува дали бил исправен уредот за мерење на брзината.
Од досегашното вештачење на автобусот, според истите извори засега нема утврдено техничка неисправност, а истрагата ја спроведува група експерти од машинскиот факултет.
Comments are closed for this post.