Она што ВМРО-ДПМНЕ го најави и го оствари. На локалните избори ќе го има т.н фингерпринт или гласање со отпечаток на прст. Иако власта се обидуваше да го избегне иако стана дел од закон, на денешната лидерска средба Христијан Мицкоски со принципиелен и аргументиран став му даде дознаење на Заев дека од оваа обврска бегање нема.

Се согласивме и веќе утре на дневен ред во рамките на Парламентот ќе биде измената во Изборниот законик која што се однесува на терминалите за отчитување на отисок од прсти или т.н. фингерпринт терминали и очекуваме успешно да биде изгласана во рамките на Парламентот, изјави  Мицкоски.

Според лидерот, на опозициската партија измените на Изборниот законик за примена на терминалот на отисок од прст се многу значајни за демократскиот капацитет на самиот процес, односно „еден човек, еден глас“ со што се спречува семејно гласање кое во минатото било пракса.

Јасно е зошто власта не сака гласање со отпечаток на прст. Без него власта, но пред се ДУИ нема да можат да поставуваат светски рекорди во гласање за неколку секунди како што имавме на последните избори и нема да има семејно гласање по принципот „еден оди десет потписи води“.

Со оптечатокот на прст ќе се зачува принципот на еден човек еден глас и само така може да имаме фер и кредибилни избори.